Search

Децата приоритет во првата година од мандатот на општината: Новата „Бубамара“ ќе ги отвори крилјата за 270 мали аеродромци

Здравјето, растот и развојот на децата беше приоритет на Општина Аеродром која изминатава година најголем дел од буџетот потроши за најмладите. Општината за една година изгради комлетно нова градинка, набави прочистувачи за воздух во градинките, обезбеди стручни лица за работа со децата со посебни потреби, реновираше училишта и спортски игралишта, додели еднократна помош за првачињата и продолжи со паричната помош за новороденињата. 

-Општина Аеродром во изминатата година релизираше голем број проекти преку транспарентна, чесна и посветена работа. Новото општинско раководство на чело со градоначалникот Златко Марин работи според приоритетите на жителите на Аеродром, а со цел да овозможи подобри услови за живот за секој од нив, велат од Општината.

Обезбедени се повеќе места за дечињата во градинките, изграден е еден нов објект, „Бубамара“ со осум занимални, вкупна површина од 1.500 квадратни метри и  капацитет за згрижување 270 деца. За оваа намена беа издвоени 40 милиони денари од општинскиот буџет. Општината изработи три проекти за доградба на градинките „Црвенкапа“, „Изворче и реконструкција на објектот „Пчеличка1“, а во изработка е проект за нова градинка во Мичурин, целосно нов објект со површина од 2.500 метри квадратни.

-Општината ги презеде трошоците за обезбедување на училиштата и почна да ги подобрува условите за образование во основните училишта, а од оваа учебна година почна да доделува по 3.500 денари за секое прваче, со што ги олесни трошоците на родителите. Младите талентирани спортисти за првпат добија по 10 илјади денари. Извршена е реконструкција на детските и спортските игралишта и е поставена нова урбана опрема. Финансиски го поддржавме Центарот за сензорна терапија „Во мојот свет“, а во соработка со УНДП ангажирани се десет образовни и шест лични асистенти што ќе работат во основните училишта со деца со посебни образовни потреби. Наша цел е да овозможиме еднкакви услови за раст и развој за секое дете, велат од Општината.

За здрава животна средина во центарот на општината е поставен прочистувач на воздух „Сити три“, а поставени се 83 прочистувачи во сите детски градинки во секоја занимална, а кои филтрираат ПМ-честички, прав, мувла, вируси и бактерии за што Општината одвои над 1,2 милион денари . Насадени се 500 нови садници, а набавени се и 1.800 нови високоизраснати дрвја.

-Наш врвен приоритет е подигнување нови зелени површини. Во таа насока веќе објавивме јавен повик за изработка на проекти за четири нови парка со површина од 11.300 квадратни метри. На територијата на Општина Аеродром се организирани повеќе екоакции, во чии рамки се расчистуваа депонии, мини депонии и се уредуваа зелелни површини, а досега се собрани повеќе од 50 кубни метри кабаст отпад. За првпат оваа година Општина Аеродром субвенционира домаќинства за промена кон еколошки систем за загревање. Во соработка со здржението „Гоу греен“ и Ромскиот бизнис-информативен центар, а со поддршка на Град Скопје го реализиравме проектот „Од врата на врата“, во кој беа вклучени околу 400 домаќинства од населбата Лисиче. За подобро управување со отпадот, се собираше пластика од домот на секое домаќинство. На овој начин се подигнува и јавната свест и се овозможува  интеграција на неформалните собирачи на отпад, велат од Општината.

Подобрена е комуналната инфраструктура преку реконструкција и изградба на нови улици, водоводна, фекална и атмосферска канализација, 50 нови паркинг-места, а на територијата на Општина Аеродром почна изградба на пречистителен колектор на реката Вардар. Населбата Лисиче целосно е осветлена, a постојните линии се заменети со целосно ново улично осветлување.

-Се врши реконструкција на водоводната мрежа на улица „1“ од крак 1 до крак 10 во Долно Лисиче, со кофинансирање европските ИПА-фондови и државата.  Заврши реконструкцијата на улиците „Тодор Чангов број 20“ и „Ѓорѓи Капчев“ број 9, а е предвидена изградба на комплетно нова улица „Новопроектирана 8“ со јавно паркиралиште покрај улицата „Фрањо Клуз“. За поголема безбедност на младите, како и за сите учесници во сообраќајот е поставена нова сообраќајна сигнализација пред училиштата „Блаже Конески“, „Александар Македонски“, „Браќа Миладиновци“, и градинката „Сонце“, велат од Аеродром.

И годинава беше поддржн фестивалот „Гола месечина“, а прославата на роденденот на општината заедно со децата од училиштата, градинките и граѓанските организации имаше хуманитарен карактер и се собираа донации за социјално загрозени семејства. Во план е и изградба на ефикасен механизам за справување со бездомните кучиња, како  изградба на три нови парка за миленичиња на различни локации.

-Општина Аеродром во наредниот период ќе продолжи во насока на создавање современа, развиена европска општина, со висок стандард на урбано живеење и подобри услови за сите граѓани, велат од Општината.

Треба да знаете
Последни објави