Search

Децата од Парадајс стравуваат дека Дедо Мраз нема да ги пронајде откако им изгореа домовите

Дедо Мраз во трговски центар во Парадајс, каде беснееја најсмртоносните пожари во Калифорнија, добива најразлични барања од децата кои сакаат да се им исполнат во новата година. Некои посакуваат нов велосипед, други Ајфон, трети играчки. Но, многу од нив од Дедо Мраз побараа нешто што не може да им даде – дом.

Американските медиуми деновиве ја пренесоа тажната приказна на децата областа зафатени од најстрашната охнена стихија во Калифорнија, во која загинаа стотина лица.

Во трговскиот центар кој деновиве е преполн пред празниците со посетители, има и Центар за
помош при катастрофи, кој им помага на луѓето кои ги загубија своите домови во Кепм Фајр во близина на Парадајс. Родителите гои доаѓаат да побарат помош во Центарот, ги носат и своите деца за да се запознаат со Дедо Мраз.

Џим Хоскинс, или Дедо Мраз од трговскиот центар, вели дека запоознал многу деца кои што ги изгубиле двоите домови во пожарите. ,,Повеќето од нив се насмеани”, вели тој, и покрај трагедијата со која се соочиле.

Тој вели дека се е во ред додека децата бараат велосипеди, играчки и подароци, но мака му е кога ќе го побараат единственото нешто што неможе да им го даде – а тоа е дом.

,,Јас обично им велам дека неможам да го направам тоа за една година. Немам моќ да го направам тоа веднаш, но ќе се потрудам да го добијат”.

Вели дека многу од децата биле загрижени дека Дедо Мраз нема да ги пронајде, бидејќи нивните домови изгореа во пожарите. Тој вели дека не треба да се грижат за тоа.

,,Им велат да не се грижат и дека имам начин за да ги пронајдам каде се. Тоа ги смирува и прави да се чувствуваат посигурно”, вели Хоскинс.

Треба да знаете
Последни објави