Search

Децата ги водам со себе, а тебе к…. нема повеќе да те викаат „мамо“, напишал Адмир откако ги заклал трите деца

Бихаќ, но и целиот регион се уште е во шок по монструзоното злосторство на Адмир Совиќ, кој завчера ги иби своите три деца, а потоа се обесил бидејќи сопругата и мајка на децата ги оставила. Сепк, не станувало збор а неверство, туку Совиќ бил бесен што таа нашла работа, а тој не па затоа ја избркал од дома. Тој и поставил ултиматум, но за доброто на децата, двогодишен и седумгодишен син, и шестгодишна ќерка,  Лејла продолжила да работи, но живеела кај мајка си.

Според „Дневни аваз“, инспекторите во куќата во која Совиќи живееле под кирија нашле проштално писмо наменетоа за сопругата Лејла, врз кое имало рачна бомба, на која осигурувачот и бил речиси извлечен.

-Не грижи се, децата се згрижени. Не замина гладни на ахирет( на оно свет). Ако те најдов и тебе би те убил. Го изгуби најсаканото, а јас ти го зедов, децата ги водам со себе. А тебе к…. никогаш никој нема да те вика „мамо“, напишал Адмир по убиството на децата.

Хартијата била крвава, како и ѕидовите на просторијата каде децата спиеле.

– Ѕидовите се крвави бидејќи ги заклал со кујнски нож. Најдовме крвав нож. Во прошталното писмо се гледа дека се одмаздува на сопругата. На крајот, иако веќе нечитливо, да го продаде мотоциклот за да му врати некој долг на некого. Двете помали деца спиеле едно до друго, а најстарото дете било на друг кауч, открива изворот на „Дневни аваз“.

Совиќ бил познат на полицијата и претходно поради тешки кражби, но бил пријавен и за семејно насилство во 2016 година, но не врз деца, туку за сопруга. Центарот за социјална работа немл претходни пријави против него освен таа пред две години.И соседите велеле дека бил приемчлив и секогаш расположен да помогне. Братот на Адмир, исто така се убил пред две години.

Лејла Совиќ, мајката на убиените деца по веста за трагедијата завршила во болница од шокот, па лекарите одвај успеале д стапат во контакт со неа. Таа е пуштена од болница, но е под засилена контрола на роднините и лекарите.

Сопственикот на куќата во која живееле рекол дека ќе ја урне.

Треба да знаете
Последни објави