Search

Детските градинки се затворени за деца, а отворени за Заев што претставува груба злоупотреба која најостро ја осудуваме

Зоран Заев денес одржа партиски митинг во детска градинка во Штип. Детските градински се затворени за деца, а отворени за Заев што претставува груба злоупотреба која најостро ја осудуваме. Зоран Заев злоупотреби институција каде одат мали дечиња во изборна кампања.

ВМРО-ДПМНЕ ја осудува злоупотребата на детската градинка од страна на Зоран Заев за политички и партиски цели. ВМРО-ДПМНЕ прашува во кое својство се појави таму Зоран Заев и во кое својство го посети клиничкиот центар во Штип. ВМРО-ДПМНЕ ќе ги извести мисиите на ОБСЕ и ОДИХР за злоупотребата на Заев на овие државни институции за партиски цели. Недозволиво е градинките да се затворени за деца, а отворени за Заев.

Треба да знаете
Последни објави