Search

Детската заштита во Ѓорче Петров на прав пат, нова градинка во Волково со капацитет од 175 деца

На прав пат сме. На оваa локација наскоро започнува изградбата на нова детска градинка во населеното место Волково.

Локалната власт предводена од СДСМ и градоначалникот Алексадар Наумоски продолжуваат со реализација на ветените проекти што се во интерес на граѓаните.

Она што го ветивме пред две години, денес станува реалност.

По потпишувањето на Договорот со Министерството за труд и социјална политика, Волково добива нова, најсовремена детска градинка со капацитет од 175 деца.

Со ова се надминува долгогодишниот проблем со недостаток на градинки во овој дел од општината, но и позитивно ќе се влијае врз унапредување на квалитетот на живот на граѓаните на Волково, Ново Село, Кисела Јабука и Стопански двор,.

Детската заштита во Ѓорче Петров е на прав пат.

Како одговорна партија, и на локално и на централно ниво продолжуваме со реализација на мерките што го унапредуваат квалитетот на живот на сите граѓани.

Градиме по план, во интерес на граѓаните и во интерес на развојот на општина Ѓорче Петров.

Треба да знаете
Последни објави