Search

Дете прегазено пред средното поштенско училиште

Дете било прегазено денеска на булеварот 3 Македонска бригада, информираше МВР.

Според полицијата, сообраќајната несреќа се случила околу 11.30 часот на семафорите на булеварот пред Средното училиште„Владо Тасевски“.

Тогаш автомобил „рено меган“ со скопски регистерски ознаки удрил во 12 годишното дете. Повредениот пешак бил однесен во градската болница „Св. Наум Охридски“.

Карактерот на повредите не се познати.

Треба да знаете
Последни објави