Search

Дете од скопска градинка позитивно на ковид 19

Прв случај на дете заразено со Ковид-19 бил забележан во скопска градинка, дознава Сител. Информацијата за Сител ја потврдија и од Министерството за труд и социјална политика.

Позитивни на вирусот се и родителите на детето, а утрово во градинката бил направен и епидемиолошки надзор.

Во домашна излација ќе одат сите деца кои биле во група со заразеното дете.

Владата на седница усвои Информација за повторно отворање на установите за згрижување и воспитание на деца – градинки / центри за ран детски развој за време на пандемија КОВИД-19,  на 9 септември 2020 година.

Треба да знаете
Последни објави