Search

Дете од градинка во Неготино со коронавирус, во изолација 13 деца и двајца вработени

Дете од градинка во Неготино е позитивно на коронавирус, во изолација се 13 деца и двајца вработени – воспитувач и негувател, потврди за МИА д-р Ристе Јовановски, специјалист епидемиолог во Центарот за јавно здравје Кавадарци.
Како последица на вирусот КОВИД-19, починал и кавадарчанец на возраст од 73 години.

Центарот за јавно здравје бележи 48 новозаразени – 25 во Кавадарци, 20 во Неготино, двајца во Демир Капија и еден нов слулај во Росоман. Тие се на возраст до 67 години.

Треба да знаете
Последни објави