Search

Детето на Џејми Ли Кертис е трансродово

Актерката од „Нож во грб“ и нејзиниот сопруг Кристофер Гест гледале во чудо и гордост на сè низ што поминува нивното најмладо дете – претходно познато како Томас – на патувањето да стане нивна ќерка Руби.

62-годишната sвезда е среќна што нејзиното потомство ќе се венча следната година.

“Гледавме со чудо и гордост како нашиот син стана наша ќерка Руби. Таа и нејзиниот вереник ќе се венчаат следната година на свадба што јас ќе ја организирам,” рече Џејми.

Џејми има и 34-годишна ќерка Ени, која е мажена, но во моментов нема внуци. „Сè уште не, но се надевам“, изјави актерката за AARP – The Magazine.

Sвездата од „Ноќта на вештерките“ призна дека искуствата на Руби ја натерале да ги преиспита своите „застарени идеи“ дека полот е фиксен концепт, а нејзиниот сопствен живот сега е „постојана метаморфоза“.

Бидејќи започнала да глуми од рана возраст, Џејми не мисли дека знае многу, па затоа секогаш се форсира да пробува нови работи.

Треба да знаете
Последни објави