Search

Детали од „Рекет“: Не сум сељак како Кичеец да ти пратам пари во црна ќеса, во Луи Витон ќе бидат наредени

Женски прсти со црвен лак бројат и ги редат во скапа торба (Луи Витон) дел од 1,5 милиони евра кои им биле исплатени на Бојан Јовановски (Боки 13) и Зоран Милески (Зоки Кичеец) во случајот Рекет. Ова го има на дел од видео материјалот кој е доказ во случајот Рекет, дознава Вечер.мк од извори во истрагата.

Според информациите на весникот, истрагата е отворена на барање на земја членка на ЕУ, чиј почесен конзул во земјава е рекетираниот бизнисмен. Барањето за определување ПИ мерки пристигнало преку Амбасадата до Судот, за да се заобиколи влијание на домашни инстанци на процесот. По ова, Судот дозволува определување следење за осомничените.

Што има истрагата до сега? Има видео и аудио материјали од осомничените, од сведокот во случајот, но и разговори со женско лице, чиј идентитет е утврден, но треба да се потврди.

– Не сум сељак како Зоки Кичеец да ти пратам во црна ќеса, во Луи Витон од скапите ќе бидат наредени, вели машко лице во разговор по телефон на женско лице кое се смее на оваа забелешка.

– Добро, рачунај дека со нас работата е завршена, а и до Апелација ќе средиме. На Врховен, таму се ваши, му вели женското лице на машкото. 

Чиј е овој женски глас треба да покаже истрагата на обвинителството.

Потоа парите се наредени во патната торба во апоени од по 50 евра, со спецификација од банка дека се чисти и податок колку има во торбата. Торбата е Луи Витон, платена 3.500 евра.

И торбата е испратена на крајна дестинација. Според податоците од истрагата, требало да бидат исплатени 8 милиони евра, а исплатени се 1,5 милиони, со договор останатите да бидат исплатени на рати.

 

Треба да знаете
Последни објави