Search

Детали за трагедијата кај Струмица: Четиринаесетгодишник го возел тракторот кој падна во рекаta

МВР денеска со детали за трагичната сообраќајка во која вчера загинаа двајца малолетници, кои се удавија во реката Струмица.

-На 29.06.2020 во 15.15 часот било пријавено дека 15-годишник од Добрејци и 14- годишник од Пиперево со трактор „ИМТ 539″, кој го управувал 14 годишникот, се упатиле кон место викано „Таре” на реката Струмица за да ловат риби. Во еден момент, тракторот се превртел и паднал во реката, а малолетниците се удавиле, велат од МВР.

Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Струмица.

Треба да знаете
Последни објави