Search

Детали за сообраќајката на Партизанска во која учествуваше абмулантно возило

На 16.11.2020 во 22.30 часот на крстосница од булевар “Партизански одреди” и булeвар “8-ми Септември” во Скопје, се случила сообраќајна незгода во која учествувале патничко моторно возило “пежо боксер” (санитетско) со скопски регистарски ознаки управувано од Т.Б.(57) од Скопје,  патничко моторно возило “мерцедес” со охридски регистарски ознаки, управувано од К.Ѓ.(25) од Ресен, и пешак Н.В.(25) од Скопје.
Во незгодата со повреди се задобиле Т.Б. и три лица сопатници во возилото, Д.Б.(28) од Битола, В.Г.(23) од Гостивар и В.А.(55) од Струмица.
Со повреди се здобиле и К.Ѓ. и Н.В. На повредените им е укажана лекарска помош.
Извршен е увид на местото на настанот од екипа од СВР Скопје.
Треба да знаете
Последни објави