Search

Дескоска ќе предложи да се укине финансирањето на партиите за годинава

Министерката за правда Рената Дескоска на „Фејсбук“ објави дека ќе предложи уредба со законска сила со која ќе се укине годишното финансирање на политичките партии.Таа додава дека се надева дека сите политички партии ќе ја поддржат оваа предложена уредба.

„Како министер за правда во чија надлежност е Законот за #финансирање на #политичките #партии ќе предложам уредба со законска сила со која ќе се #укине годишното финансирање на политичките партии кое треба да се исплати оваа година. Се надевам дека сите политички партии ќе ја поддржат предложената уредба. #СолидарностНаДело“, напиша таа.

 

Треба да знаете
Последни објави