Search

Дескоска: Одлучувањето за вонредната состојба е беспредметно

Одлучување на Собранието за потврдување на одлуките на претседателот за прогласување вонредна состојба имаат логика само додека трае вонредната состојба. Сега, после завршувањето на вонредната состојба, ова одлучување е беспредметно. Ова личи како „по свадба – тапани“, пишува на својот Фејсбук профил поранешната министерка за правда, Рената Дескоска.

-Одлучување на Собранието за потврдување на одлуките на претседателот за прогласување вонредна состојба имаат логика само додека трае вонредната состојба. Сега, после завршувањето на вонредната состојба, ова одлучување е беспредметно. Ова личи како „по свадба – тапани“.
Правните норми треба да предизвикуваат правни последици, да имаат правен ефект, а ова одлучување во Собранието не би имало никаков правен ефект по однос на донесените одлуки – бидејќи тие престанале. Ниту пак непотврдувањето на одлуките би значеле постапка за одговорност на претседателот.
Несомнено е дека претседателот на Републиката бил обврзан да ги прати на потврда на Собранието своите одлуки, но Собранието не треба да почнува беспредметни постапки. Оние кои седат во Собранието, треба да се свесни дека покрај текстуалното толкување на Уставот (каде буквално се толкуваат одредбите), постојат и други методи како целно толкување, оригинализам, прудентно и сл. При тоа не смеат да бидат „скарани“ со логиката. Зашто на крајот од краиштата, логиката треба да биде нужна компонента на секое правно толкување, вклучувајќи го и толкувањето на Уставот, пишува Дескоска.

Треба да знаете
Последни објави