Search

Дескоска на Регионален стратешки дијалог за борба против недозволената трговија

Мнистерката за правда Рената Дескоска е во дводневна посета на Меѓународниот институт за правда и човекови права од Сиракуза каде ќе учествува на Регионалниот стратешки дијалог на високо ниво за недозволена трговија во Југоисточна Европа.

Дијалогот ќе ги опфати и вклучи министрите и другите високи национални функционери од целиот регион, како и клучните регионални и меѓународни партнери посветени на борбата против недозволената трговија.

Целта на настанот е да се вклучат клучните национални, регионални и меѓународни лидери и креатори на политики во стратешки дијалог за заедничките предизвици и стратешки можности во борбата против недозволената трговија на Југоисточна Европа.

Треба да знаете
Последни објави