Search

Дескоска на линија со новиот косовски министер за правда Селими

Министерката за правда Рената Дескоска денеска преку видео конференциска врска разговораше со новиот косовски министер за правда Селим Селими, честитајќи му го назначувањето на функцијата.

За време на разговорот, како што соопшти Министерството за правда, било отворено и прашањето за екстрадицијата на обвинетите во случајот „Монструм” Алил Демири и Африм Исмаиловиќ, при што министерката Дескоска истакнала дека очекува позитивен одговор од косовските власти на нашето барање за екстрадиција.

Дескоска, се наведува во соопштението, потенцирала дека искрено посакува европеизација на регионот и оти Министерството за правда на Република Северна Македонија е подготвено да ги сподели искуствата и да помогне во отворањето на преговорите.

Треба да знаете
Последни објави