Search

Дескоска: Ги намаливме извршителските и трошоци за нотаријатските услуги и судски трошоци за комуналии

Министерката Рената Дескоска на трибината „Силна економија – шанса за сите“ во Штип, правејќи ретроспектива на реформите кои се направија за седум месеци додека е на функцијата прв човек на Министерството за правда истакна дека е направен голем напредок, во заштита на социјално ранливите граѓани но и во други сегменти со кои создаваме правично општество. Овој напредок ќе финишира во јуни кога треба да се усогласи нашата законска регулатива со критериумите кои се бараат за членството во НАТО и преговорите со Европската Унија.

„Ја усогласивме законската рамка и не отстапивме од она што беше во нашата програма, за дополнителна заштита на социјално ранливите групи граѓани и заштита на некои други групи, да не им се блокираат сметките.

Направивме листа и соодветен систем во кои лицата кои примаат помош не смеат да бидат блокирани за неплаќање на комуналните сметки и тука се ограничени трошоците за извршителите да не е поголем од 20 проценти.

Излезе новиот Тарифник, каде 16 ставки кои порано се плаќаа сега веќе немаат право извршителите да ги наплатуваат. Голем дел од другите трошоци се намалени за 50 проценти некои дури и повеќе, поради тоа што сметавме дека беа нереални приходите кои што ги добиваат извршителите“, рече Дескоска пред насобраните граѓани кои присуствуваат и учествуваат на дебатата.

Министерката Дескоска ги спомена измените и во Законот за нотаријат каде што се предвидува граѓаните да не треба да плаќаат судска такса за издавање на нотарски платен налог за комуналните трошоци. Дескоска потенцира дека нема повеќе да се плаќаат дополнителни трошоци, што се направи со исклучувањето на судските такси, со цел да се подобрат условите за живот на граѓаните

Министерката Дескоска, заедно со министерката за труд и социјална политика Мила Царовска денеска учествува на трибината „Фер општество – шанса за сите“, заедно со граѓани и граѓански здруженија. Се дискутира за придобивките на граѓаните од реформите, со кои се создава фер општество, се намалуваат разликите по било која основа и се повеќе пари завршуваат назад, кај граѓаните

Треба да знаете
Последни објави