Search

Десет Пакистанци откриени во џип кај Гевгелија

Десет мигранти од Пакистан биле откриени во џип, вчера на автопатот Гевгелија-Скопје.

Според полицијата, вчера околу 3.50 часот, во близина на клучката за селото Прдејци, полициски службеници забележале патничко возило „бмв х5“ со скопски регистарски ознаки, кое не застанало на знакот за запирање.

Полицајците со службено возило го стасале џипот и во него биле пронајдени 10 мигранти од Пакистан.

Мигрантите биле пренесени во полициска станица за понатамошна постапка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави