Search

Десет илјади граѓани излегоа на протестите против владата на Орбан

Околу десет илјади граѓани протестираа во Будимпешта против новиот закон за работа и , како што се наведува ,,растечкото авторитарно владеење на националистичкиот лидер Виктор Орбан”. Протестите во еден момент станаа насилни и полицијата употреби гас за да ја растера толпата.

Судирите настанаа кога демонстрантите пристигнаа пред зградата на државната телевизија МТВА. Протестите насловени како ,,Сеќен Божик господине премиер” се одржаа по четврти пат во последниве седум дена, а го организираат левичарските опозициони партии, група студенти и граѓани кои се противат на владата на Виктор Орбан. На протестите им се приклучија и синдикатите.

Партијата на Орбан – Фидес во саботата реагирајќи на протестите соопшти дека е се поочигледно дека учесниците се криминалци кои ги организирала межата на Џорџ Сорос.

Со новиот закон за работа, на работодавачите им е дозволено да бараат до 400 прекувремени часови годишно, поради што критичарите го нарекоа ,,закон за робови”.

Треба да знаете
Последни објави