Search

Десет држави во светот кои нема да постојат за 100 години

Низ историјата паѓале бројни царства и држави, исчезнувале нации или се трансформирале, а тој процес се уте не е готов. Политички аналитичари објаснуваат дека поимот нација, односно држава, не е траен, а секако ниту вечен.

Иако државите најчесто исчезнувале, така што биле освојувани и поделени меѓу нивните непријатели, се чини дека земјите во иднина ќе имаат проблеми порано од другите, кои ќе ги раздвојат, односно уништат.

Од закани кои ги подигнаа морските нивоа до културни и етнички поделби внатре во самото општество, прашање е дали овие 10 држави ќе преживеат во сегашните изданија во наредните 100 години.

Холандија

Ефектите од климатските промени предизвикани од глобалното затоплување делуваат разорно на тропските острови, но тешко е да се замисли дека тие можат да нанесат штета на европските држави. Токму поради овие факти, глобалното затоплување е прашање на опстанок за Холандија, која со години се бори со растечкото ниво на морето.

Северна Кореја

Со оглед дека оваа земја се наоѓа под диктатура на династијата Ким од 1940-те години, се чини дека е само прашање на време кога незадоволството внатре во општеството ќе кулминира и експлодира.

Белгија

Иако оваа држава е дом на Европската Унија, самата Белгија нема да биде обединета за 100 години. Таа е поделена во судирите поради поделбата по етничко прашање на Фламанците и Валонците. Поради расетчката напнатост, голем број аналитичари предвидуваат дека до поделба на земјата ќе дојде во следните 20 години.

Малдиви

Оваа островска нација лоцирана меѓу Индија и Африка, се соочува со сериозна опасност од потонување. Заканата стана толку голема, што експретседателот на државата разгледуваше опција за купување на земја во Јужна Азија, каде би го преселил целото население, ако продолжи да расте нивото на морето. Според прогнозите, Малдиви е првата земја која ќе исчезне поради глобалното затоплување, што би можело да се случи во 2085 година.

Обединето Кралство

Со оглед дека се рабпто за унија на различни држави во кои постои силна волја за независност, можен е распад во оваа светска сила. Шкотска имала неуспешен проект за независност во 2014 година. Кога Велика Британија, минатата година одлучи да излезе од Унијата, тој чекор не беше прифатен од сите држави. Поради тоа се верува дека некои држави ќе излезат од Обединетото Кралство, што би се случило во наредните 20 години.

Ирак

Во воена состојна од 2011 година, оваа држава е вистински пример за секојдневно распаѓање. По егзекуцијата на Садам Хусеин, кој ја држеше земјата обединета, населението денеска е жестоко поделено. Ирак е поделен на Сунити, Курди и Шиити.

Кирибати

Оваа островска држава, која се наоѓа во централниот дел на Тихиот, до 1979 година била британска колонија, а ја сочинуваат три сосема одделни островски групи растурени на голем простор на Тихиот океан – Гилберт, Феникс и Лине. Претседателот на државата бараше помош од Нов Зеланд и Фиџи, да почнат со прифаќање на луѓе од Карибати како постојани бегалци.

Шпанија

Кога ја погоди економска криза во 2008 година, Шпанија направи толку штети што ја доведе земјата до самиот раб на распад, а се уште не се опоравила од тоа. Каталонија планира да се стекне со независност со голема потпора во јавноста. Во северниот дел од земјата е баскискиот регион со своите терористички ќелии.

САД

Американското население е поделено со длабоки културни разлики и политички ставови меѓу северот и југот, уште од Граќанската војна. Во 2012 година сите 50 држави добија илјадници писма од своите граѓани кои бараат изземање од унијата. Ако не се случи нешто што ќе ја обедини земјата, големи се шансите САД да се променат, а најверојатно Аљаска и Тексас први ќе се одвојат.

Кина

Иако Кина има најголема економија во светот и силна војска, тоа не значи дека е заштитена од колапс во следните 100 години. Има и огромен проблем со еколошко загадување. Се предвидува дека земјата може да остане без вода за пиење до 2030 година. Се верува дека земјата во овој облик не би издржала до 2050 година

Треба да знаете
Последни објави