Search

Десет години јубилеј за Пандев од освојувањето на ЛШ со Интер

На денешен ден пред десет години на „Сантијаго Бернабеу“ во Мадрид, Интер го победи Баерн Минхен (2-0) во финалето од Лигата на шампионите, а Горан Пандев стана третиот македонски фудбалер кој го крена пехарот со „големите уши“ на УЕФА. Преднего во 1991 година тоа задоволство го имаа Дарко Панчев и Илија Најдоски со Црвена звезда.

-Поминаа десет години, а сеќавањата секогаш ми се враќаат. Направивме нешто неверојатно, не знам дали некој друг тим ќе успее да го повтори тој успех. Бевме многу силен и обединет тим. Мурињо е прекрасна личност, кој многу ни даде. Јас бев стартер на повеќето најважни мечеви, почнав од прва минута и во финалето во Мадрид правев сè што ќе ми кажеше тој. Играв и како крило, иако секогаш сум бил како втор напаѓач, изјави Пандев.

 

Треба да знаете
Последни објави