Search

Десет години затвор за нападот врз Озил и Колашинац

 Судот донесе пресуда, Ешли Смит кој се смета за главен организатор на нападот, следните десет години да ги мине во затвор, како казна за обидот за грабеж на фудбалерите Месут Озил и Сеад Колашинац.

На 25 јули, Смит со уште еден пријател, со украден моторцикл дојдоа до играчите на Арсенал и им се закануваа на фудбалерите со ладно оружје, барајќи да им ги дадат луксузните часовници кои ги носеа. Но, Босанецот Колашинац покажа голема храброст и голорак ги избрка напаѓачите.

По изрекувањето на пресудата, мајката на Смит почна да вика и да плаче во судницата. Нешто подоцна ќе се донесе пресуда и за вториот напаѓач, Џордан Нортовер. 

Треба да знаете
Последни објави