Search

Десетмина повредени при масовна тепачка во Москва

Најмалку десет лица се повредени синоќа во масовна тепачка во рускиот главен град Моксва, во која учествувале меѓу 70 и 100 лица.

Според полициски извори, инцидентот започнал во ресторан во југозападниот дел на Москва, кога група мажи упаднале во угостителскиот објект и ги принудиле сите гости да излезат надвор, при што дошло до масовна тешачка, во која било користено и огнено оружје.

Полицијата информира дека привела 10 учесници во тепачката, но не соопшти повеќе детали.

Вработени во ресторанот за руските медиуми изјавија дека мажите кои упаднале во објектот сакале да го нападнат нивниот работодавач.

Треба да знаете
Последни објави