Search

Десетмина повредени кога тетовец со „голф“ удрил во погребна поворка

Едно лице било потешко повредено, а деветмина полесно кога возач од Мала Речица удрил во десете пешаци кои биле дел од погребна поворка,  денеска, на локалниот пат во тетовското село Горно Орашје.

Според СВР Тетово, денес околу 13.30 часот М.Ј.(61) од Мала Речица, управувајќи автомобил „голф“ со тетовски регистарски ознаки удрил во пешаците А.В.(75) од селото Јажинце, И.З.(76) од Непроштено, Џ.А.(58) од Доброште, Р.А.(73), А.А.(67) Р.М.(55) А.А.(71), Б.Н.(46) сите од Орашје, Ќ.М.(65) од Пршовце, и С.Џ.(60) од Тетово, кои биле дел од погребна поворка.

Во сообраќајката со тешки повреди се здобил пешакот А.В, кој бил пренесен во Клиничката болница Тетово, додека со телесни повреди завршиле останати пешаци.

Треба да знаете
Последни објави