Search

Десеткуваниот Шахтјор го шокираше Реал

Фудбалерите на Шахтјор Доњецк направија големо изненадување и славеа над Реал во Мадрид со 3-2 во првиот меч од групата Б во Лигата на шампионите.

Шпанскиот првак беше апсолутен фаворит на хартија со оглед на квалитетот, реномето, но и фактот дека на гостите им фалеа 10 играчи кои не беа во комбинација за настап поради позитивни тестови на КОВИД-19.

Шахтјор првиот дел го заврши со водство од 3-0 и тоа со погодоците на Тете, Варан (автогол) и Соломон. Домашниот тренер Зидан на почетокот на второто полувреме го внесе Бензема и тоа донесе живост, дополнителна енергија, па така во 54 минута Модриќ со фантастичен удар од далечина намали на 3-1.

Винисиус само што влезе во 59 минута веднаш даде гол и го врати Реал на само еден гол негатива. Меѓутоа до крајот Реал не успеа да создаде некои изгледни шанси, гостите пак од контри се обидуваа да се заканат, ама до промена на резултато не дојде иако избраниците на Зидан во судиското продолелжение погодија преку Валверде, ама поради офсајд голот беше поништен.

На втората средба во Австрија, Салцбург и Локомотив Москва одиграа без победник 2-2. Соболаи и Јунузовиќ погодија за домаќините, на спротивната страна прецизни беа Едер и Лисаковиќ.

Треба да знаете
Последни објави