Search

Десетици илјади Полјаци на погребот на убиениот градоначалник

Десетици илјади Полјаци се собраа вечетва во Гдањск за да му оддадат почит на убиениот градоначалник на овој град, Павел Адамович.

Погребното возило што го носело ковчегот на Адамович го следеле униформирани припадници на полската морнарица, објави агенцијата АП.

На чело на колоната бил надбискупот на Гдањск, Лешек Славој Глоџ, придружуван од други истакнати јавни личности.

Претходно денес околу 300 полски градоначалници и други политичари се собраа низ Полска за да му оддадат почит на Адамович.

Адамович беше прободен во неделата вечерта, а почина во болница. Напаѓачот беше уапсен.

Треба да знаете
Последни објави