Search

Десетици евакуирани по закана од бомба во Брисел

Полицијата затвори со кордон голема област во белгискиот главен град во близина на Британската амбасада откако пожарната служба во Брисел извести дека добила телефонски повик со информација дека ќе експлодира бомба, пренесува „Спутник“ .

Според извештаите во медиумите, полицијата, пожарникарите и медицинските лица моментално се наоѓаат на местото на настанот.

Сепак, останува нејасно дали амбасадата е евакуирана по заканата од бомба, а персоналот во амбасадата, според пишувањата на Твитер, не смее да го коментира инцидентот.

Треба да знаете
Последни објави