Search

Десетина загинати во експлозија во фабрика за фосфати во западен Египет

Десетина работници загинаа, а седум други се повредени откако експлодирал резервоар во фабрика за фосфати во западен Египет, пренесува „Спутник“.

Инцидентот се случил во туристичкиот град Аин Сохна, во регионот Суец. Резервоарот за складирање на фосфати, наводно, експлодирал за време на неговото пробно пуштање во функција.

Пожарникарите успеале да го совладаат огнот по експлозијата. Трагичниот инцидент, наводно, бил предизвикан од истекување гас.

Треба да знаете
Последни објави