Search

Деркоски: Изборен ден во добра и мирна атмосфера

Денешниот изборен ден мина во една добра и мирна атмосфера, немаше посериозни забелешки од ниту еден од учесниците во компањата, а немавме ни посериозни забелешки и од оние кои го набљудуваа процесот, соопшти вечерва на прес-конференција претседателот на ДИК Оливер Дерковски.

-Од аспект на Државна изборна комисија сметам дека ја постигнавме целта да организираме и спроведеме чист и коректен изборен ден, посочи Дерковски.

Деркорвски рече дека во вториот круг во кој се квалификуваа Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова, очекува да помине во мирна и коректна атмосфера.

Треба да знаете
Последни објави