Search

Дербито без голови, Аталанта ја прекина серијата на Интер

Фудбалерите на Аталанта ремизираа на домашен терен против Интер (0:0) во дербито на 22. коло во најсилното италијанско првенство. Натпреварот беше навистина интересен, со многу шанси на двете страни, но без никаква реализација.

Интер беше подобар ривал во првото полувреме, кога најдобрата можност за погодок во 16 минута ја имаше Џеко. Во вториот дел нешто поконкретна беше Аталанта, на спротивната страна одличен беше голманот Хандановиќ.

Клубот од Бергамо ја прекина серијата на миланските „нераѕури“ од осум победи во низа во Серија А.

Интер и натаму води на табелата со 50 бодови, но сега само два повеќе од второпласираниот Милан. На третата позиција е Наполи на Елиф Елмас со 43 бодови, додека Аталанта е четвртопласирана (42) со еден бод повеќе од Јувентус.

Треба да знаете
Последни објави