Search

Дерала: Изборната програма на една голема опозициска партија

Дерала: Изборната програма на една голема опозициска партија

Нема потреба од постојано мачење да одржуваме добри односи, едноставно е, ќе ги расипеме односите со сите! Освен со Србија, Унгарија и Русија, се разбира. А тука се и Зимбабве, Северна Кореја и сигурно уште некоја земја. Русите сигурно ќе испратат покана за воената парада на 9 мај, не ни требаат повеќе дипломатски односи од тоа. Доволно е ние да си ја викаме нашата земја Република Македонија! За другите што ќе нѐ викаат ФИРОМ не ни е гајле, и онака сите нѐ мразат нас и ние ги мразиме сите. Никогаш Северна, секогаш Македонија!

Една голема опозициска партија не ја пропушта можноста да изврши јавен притисок врз премиерот да се согласи на предвремени парламентарни избори. Тоа подразбира дека оваа партија веќе има подготвена изборна програма. Моите пријатели во таа партија ми овозможија пристап до, сѐ уште необјавената, изборна програма на партијата. Ќе споделам дел од неа со вас, во надеж дека нема да се протолкува тоа дека сум ја заземал нивната страна и дека вршам пропаганда во нивна корист. Еве дел од програмата:

Докажано е! Ние знаеме подобро!

СДСМ-овците можеби крадат, ама ние таа вештина ја издигнавме на индустриско ниво. Ние знаеме што е систематски грабеж во кој се знае кој краде и за кого краде! Ние сѐ знаеме подобро и повеќе, а најмногу како се контролираат парите и луѓето. Нема да боли, ќе ве онесвестиме со еден удар.

Докажано е! Ние нема да спроведуваме непотизам!

Доказите за тоа се пред вас, без оглед на тоа што веќе две години на власт е хунтата на Заев! Сите свои роднини, пријатели и љубовници (машки и женски) веќе ги вработивме. И тоа на добри места – судии, обвинителста, директори, началници, заменици, помошници и заменици на помошниците.

Докажано е! Ние одржуваме традиционално лоши односи со соседните држави!

Нема потреба од постојано мачење да одржуваме добри односи, едноставно е, ќе ги расипеме односите со сите! Освен со Србија, Унгарија и Русија, се разбира. А тука се и Зимбабве, Северна Кореја и сигурно уште некоја земја. Русите сигурно ќе испратат покана за воената парада на 9 мај, не ни требаат повеќе дипломатски односи од тоа. Доволно е ние да си ја викаме нашата земја Република Македонија! За другите што ќе нѐ викаат ФИРОМ не ни е гајле, и онака сите нѐ мразат нас и ние ги мразиме сите. Никогаш Северна, секогаш Македонија!

Докажано е! Ние сакаме чиста Македонија!

СДСМ сака да живееме во општество за сите. Ние ќе си ја вратиме државата назад, ќе ја поделиме само со ДУИ (не со Шиптарите, Циганите, Цинцарите, Турчиштата и останатите Цигани и Шиптари) и ќе го укинеме општеството. А државата… додека трае, трае, за после, ќе видиме.

Докажано е! Ние знаеме дека вистината е една!

Со нас нема да има медиумски плурализам. Вистината е една и нема што да се расправа околу неа. Нема зошто нашиот народ да се мачи околу тоа да верува или да неверува, да проверува дали нешто е точно или неточно! Ние знаеме што се случува и што треба луѓето да знаат. Тоа ќе обезбеди

Докажано е! Ние знаеме дека зад поддршката на правата на педерите (модерно кажано: ЛГБТИ) се крие великоалбански национализам!

Џабир Дерала ќе го стреламе, затоа што е великоалбански националист. Зошто? Па, затоа што промовира права на педерите, за Македонците да не се множат, па кога ќе изумрат, да дојдат Шиптарите, да ни ја земат нашата света, најмила, цела да е, Македонија.

Докажано е! Ние знаеме како се води политика!

Уште само еднаш да дојдеме на власт, после тоа нема потреба ни од избори. Тука ќе завршиме со глупавата политика. Никој нема да има потреба да се занимава со политика, бидејќи сите ќе добијат шанса да работат за партијата. Нема зошто да си ја мачиме главата и да мислиме што е подобро, кога ние знаеме што е најдобро!

Докажано е! Ние знаеме што е линч!

Непријателите на нашата вистина и на нашата партија нема зошто да ги ставиме во затвор. Едноставно, ќе ги затвориме очите додека вие ги линчувате на сред улица.

Докажано е! Ние ќе воведеме задолжителни универзитетски студии и магистратура за сите!

Нема зошто да се борите за живот, за опстанок и слични глупости. Нема зошто да се мачите да студирате. Ние ќе одлучуваме кој може да живее, кој да биде богат, а кој сиромав. А што се однесува до студирањето, ќе го направиме задолжително. И магистрирањето ќе го направиме задолжително, зошто да не?

 

ПС. Тоа за мојата завера, да ги поддржувам правата на ЛГБТИ заедниците од позиции на великоалбански национализам е изговорено пред неколку години, во ТВ студио, од актуелен член на една институција за борба против дискриминацијата.

Пишува: Џабир Дерала

Целосниот текст на следниот линк цивилмедиа.мк

 

Треба да знаете
Последни објави