Search

Ден пред венчавката Хари ѝ плачел на телефон на бившата: Тоа бил нивниот последен повик

Иако неодамна стана татко по вторпат, се чини дека принцот Хари сѐ уште е во контакт со поранешната девојка со која беше во врска седум години.

Станува збор за Челси Дејви, која сега повторно се најде на мета на странските медиуми.

Протече приказната за тоа како Хари и таа разговарале на телефон само еден ден пред неговата венчавка со Меган Маркл. Како што истакнува извор за „Венити фер“, разговорот бил многу емотивен, а Челси наводно и плачела.

Да потсетиме, Челси беше една од гостите на големата венчавка на принцот Хари. Меѓутоа, таа не била поканета на ексклузивниот вечерен прием во куќата Фрогмор.

За да избегне каква било непријатност, принцот одлучил да ѝ се јави на својата поранешна девојка. Според „Венити фер“, станува збор за „телефонски повик полн со солзи“ во кој за првпат заедно дошле до заклучок дека навистина е готово и дека Хари продолжува понатаму со Меган.

– Тоа беше нивниот последен повик, повик на разделба во кој двајцата признаа дека е готово. Челси беше мошне емотивна поради сè, беше во солзи и речиси ќе го откажеше присуството на венчавката. На крајот пристигна и му вети на Хари дека ќе се обиде да не ја уништи забавата“ – изјавил изворот.

Хари и Челси првпат се сретнале во 2004 година и, наводно, имале многу бурни односи. Тие раскинале во 2011 година.

Да потсетиме, лани медиумите пишуваа дека Меган е љубоморна на Челси. Имено, британските медиуми тогаш објавија дека принцот некогаш имал приватен профил на Фејсбук под името „Спајк Велс “ (Spike Wells), а на фотографијата на профилот се наоѓала и неговата поранешна девојка.

– Меган ‘ја држи на око’ Челси. Знае дека таа го напуштила Хари и дека тие сѐ уште се во контакт – тврди неименуван извор и додал дека Меган е лута токму поради лажниот профил на Хари на социјалните мрежи.

 

Преземено од +инфо

 

Треба да знаете
Последни објави