Search

Ден на жалост во Охрид

По повод ненадејната смрт на градоначалникот на Охрид, Јован Стојаноски, денеска е прогласен Ден на жалост во Охрид.

Советот на Општина Охрид вчера на вонредна седница донесе одлука сите културни, спортски, забавни и други настани и манифестации закажани за денеска да бидат откажани.

Денеска со почеток во 10 часот во големата сала на општинската зграда ќе се одржи и Комеморативна седница, а посмртните останки на градоначалникот Стојаноски ќе бидат изложени од 12 – 14 часот во капелата на градските гробишта.

Стојаноски почина во саботата.

Треба да знаете
Последни објави