Search

Денови на финансиска писменост од 29 до 31 мај

Финансиските регулаторни тела во земјава на од 29 до 31 мај го организираат третото издание на Деновите на финансиска писменот во соработка со приватните финансиски компании.

Во текот на Деновите, институциите и компаниите, ќе спроведат бројни информативно-едукативни средби.

Народната банка, како еден од организаторите и учесник на Деновите на финансиска писменост, ги повикува граѓантие за присуство на едукативни презентации во Народнбата банка на теми платен систем и платежни услуги на 29 мај,      банкарски систем на 30 мај и монетарна политика  на 31 мај.  

Со цел организирање на презентациите во зависност од искажаниот интерес од граѓаните, сите заинтересирани лица треба да го најават своето присуство преку порака на  еадресата edukacija@nbrm.mk или на  официјалните страници на Народната банка на социјалните мрежи Фејсбук, Твитер и Инстаграм.

 За присуство на презентациите можат да се пријават и претставници/тимови на приватни компании.

Рокот за пријавување е 27 мај 2019 година или до пополнување на максималниот број присутни, согласно со просторните капацитети.

Во текот на Деновите на финансиската писменост, во просториите на Народната банка ќе има и инфо-пулт, на кој во периодот од 10 до 13 часот, сите заинтересирани граѓани ќе можат да добијат одговор на нивните прашања од сферата на централнобанкарското работење кај нас. Заинтересираните ќе може да го посетат и Музејот на Народната банка.

Треба да знаете
Последни објави