Search

Денови на руската наука во МАНУ

Од денеска до 21 октомври ќе се одржат Денови на руската наука, во организација на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), Амбасадата на Руската Федерација во Северна Македонија и Почесниот конзулат на Руската Федерација во Охрид.

Свеченото отворање ќе се одржи во МАНУ, а како што најавија организаторите, во рамки на настанот ќе се одржат четири предавања од различни научни области – вештачка интелигенција, биохемија и молекуларна биологија, земјоделски науки и ветеринарни науки.

За овие теми ќе говорат академик Љупчо Коцарев, проф. д-р Велимир Стојковски, проф. д-р Евгениј Варисович Камалдинов и проф. д-р р Лариса Александровна Гнездилова.

Најавено е обраќање и на претседателот на МАНУ Љупчо Коцарев, Сергеј Александрович Баздникин, амбасадорот на Руската Федерација во земјава, академик Виктор Антонович Садовничиј, претседател на Рускиот Сојуз на ректори и ректор на Московскиот државен универзитет „М.В. Ломоносов”, проф. д-р Сергеј Владимирович Позјабин, ректорот на Московската државна академија за ветеринарна медицина и биотехнологија „К.И. Скрјабин”, проф. д-р Евгениј Владимирович Рудој, ректор на Новосибирскиот државен аграрен универзитет и проф. д-р Велимир Стојковски, почесен конзул на Руската Федерација во Охрид.

-Науката е важен сектор во сите аспекти на животот. Ценејќи го трудот и достигнувањата на научниците, претседателот на Руската Федерација Владимир Путин ја прогласи 2021 за година на науката, се наведува во соопштението на Почесниот конзулат на Руската Федерација во Охрид.

Треба да знаете
Последни објави