Search

Денови на медот во „Рамстор мол”

Под мотото „Здравје во тегла мед”, од денеска до 6 декември во „Рамстор мол” во Скопје ќе се одржува манифестацијата Денови на медот. Ќе учествуваат пчелари од повеќе региони низ земјава, а посетителите ќе имаат можност да дегустираат и да купат ливадски, шумски или планински мед, како и други пчелни производи кои ќе бидат изложени на штандовите.

Како што информираат од „Рамстор мол”, Деновите на медот се организираат согласно сите мерки и протоколи за заштита од КОВИД-19.

Треба да знаете
Последни објави