Search

Дени Ингс потпиша за Вест Хем

Англискиот напаѓач Дени Ингс е ново засилување за Вест Хем.

Иако прво Астон Вила не сакаше да го пушти Ингс во Лондон, набрзо беше постигнат договор. „Чеканите“ за услугите на напаѓачот платија 15 милиони фунти и тој ќе стане нов член на Вест Хем кој е најнепријатното изненадување сезонава во Премиер лигата.

Вест Хем се мачи со головите, скапо платениот Скамака не ги оправда досега очекувањата, па се очекува Ингс кој има поголемо искуство во Англија да им помогне да избегнат шокантно испаѓање.

Она што е посебно интересно во овој трансфер е што Ингс повторно ќе ги носи истите боие како што беше случај во Астон Вила и претходно во Барнли. Покрај овие клубови настапуваше уште за Саутемптон, Ливерпул, Дорчестер и Борнмут.

Треба да знаете
Последни објави