Search

Денис Квејд планира свадба со 39 години помлада студентка

Холивудскиот актер Денис Квејд (65) се сврши со 39-годишната студентка Лора Саволе (26) и планира свадба, пренесува „Дејли мејл“. Пред пет месеци, тие признале дека се во врска, а Денис ѝ предложил брак на Лора за време на нивниот романтичен одмор на Хаваи.

Имам една година да го направам тоа, затоа што ако помине годината, станувам сомнителен“, рече ѕвездата на филмот „Стапица за родители“. Следната година, ако сè оди според планот, Денис ќе се ожени по четврти пат, а Лора веќе бара венчален фустан. Денис еден и пол месец ја планирал свршувачката.

„Сакав да биде целосно приватна. Додека се обидуваше да нè фотографира, јас го подигнав прстенот пред нас и прашав ‘Дали ќе се омажиш за мене’“, рече актерот.

Во август минатата година Денис се разведе од третата сопруга Кимберли Буфингтон (46), со која беше во брак од 2004 година. Тие имаат близнаци, Томас Бун и Зои Грејс (11), но престанаа да живеат заедно пред три години. Се тврди дека Денис бил неверен. Пред Кимберли, актерот беше со Мег Рајан и П.J. Солис.

Треба да знаете
Последни објави