Search

Дениз Абдула од собирот на СДСМ: Сведочев на тепачки во автобуси и сообраќаен хаос, денес Чаир има велопатеки и нови тревници

– Јас сум горд скопјанец и чаирчанец и можам да потврдам дека во моето маало, Чаир, се случи најголемата промена во изминатите четири години, истакна актерот Денис Абдула од обединувачкиот собир на СДСМ.

Тој рече дека претходно сведочел на конфликти во автобусите, на сообраќаен хаос на улицата „Цветан Димов“, како и на запустени простори и паркови.

– Денес Чаир изгледа сосема поинаку, има нови велопатеки, има тревници, нови булевари и насмеани лица на децата и возрасните. Кога на една заедница за првпат ќе и дадеш нешто убаво таа ќе знае тоа да го почитува и одржува, кажа Абдула.

Според него Петре Шилегов е човек со волја и енергија за промена на подобро и затоа порача да не се враќаме назад, бидејќи, како што вели, ако си го сакаме градот изборот е еден.

Треба да знаете
Последни објави