Search

Денешниот протест на „жолтите елеци“ посветен на повредените демонстранти

Неколку илјади луѓе се собраа денеска во центарот на Париз на протестот на „жолтите елеци“, кој го предводеше Жером Родриг, познат како еден од водачите на движењето кој минатата недела тешко беше повреден во окото, пренесоа француските медиуми.

Откако беше повреден тој ги повика граѓаните денеска да излезат во поголем број и да пеат по улиците за да предизвикаат се поголема бука.

Денешниот собир на „жолтите елеци“ беше посветена на демонстрантите повредени за време на протестите одржани на 17 ноември.

Во Франција секоја сабота се одржуваат протести на „жолтите елеци“. Француската влада претходно соопшти дека околу 2.000 луѓе биле повредени од почетокот на протестите, од кои најмалку четири лица биле со тешки повреди.

Најмалку десет лица, пак, загинаа во сообраќајни несреќи кои беа предизвикани поради блокадите на „жолтите елеци“.

Треба да знаете
Последни објави