Search

Денес сме сведоци на последиците од изобличувањето на Охрид што се должи на политиката на ДПМНЕ

Соопштение за јавност – реакција на изјава на Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ

 „Денес сме сведоци на последиците од изобличувањето на Охрид и охридскиот регион кое должи на деструктивните и криминални политики на ВМРО-ДПМНЕ

 Токму ВМРО-ДПМНЕ беше партијата во чие владеење се дозволи илегалните градби во заштитениот појас на Охрид и охридскиот регион да бидат легализирани и тоа за само едно евро за метар квадратен. 11 години ВМРО-ДПМНЕ ги игнорираше препораките на УНЕСКО и се фокусираше на криминал и злоупотреби на Охрид.

Токму,  ВМРО –ДПМНЕ  ја потценува интелегенцијата на граѓаните. Охриѓани многу добро се сеќаваат на плановите на ВМРО –ДПМНЕ за градењето  на аеродром на вода, ски-жичарница на Галичица како и проектите на Субрата Рој со луксузните ресорти на самиот брег на Охридското езеро. Граѓаните се сведоци и на целосното  разобличување на  ликот на Плаошник.

Наспроти тоа, денес Владата преводена од СДСМ со сите сили се бори да го заштити културното и природно наследство на Охрид и цели кон спроведување на препораките на УНЕСКО“.

Треба да знаете
Последни објави