Search

Денеска ќе се оствари телефонскиот разговор Заев – Ципрас, најавуваат грчките медиуми

 Во следните часови, според грчките медиуми ќе се оствари телефонскиот разговор меѓу Зоран Заев и Алексис Ципрас.

По средбата со Ципрас, што траеше околу час и половина, Никос Коѕијас, не даде официјална изјава, но на прашањето од новинарите „дали денеска ќе биде телефонскиот разговор на премиерите на двете земји“, Коѕијас кусо одговорил: „ќе биде“.

Шефот на грчката дипломатија вонредно и претходно непланирано  и ненајавено се сретна со Алексис Ципрас во премиерската палата, а оваа средба, грчките медиуми и новинарите ја поврзуваат со телефонскиот разговор меѓу премиерите на двете земји.

Коментарите во Грција се дека временскиот период за телефонскиот разговор се стеснува, со оглед на тоа што шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕијас на 13 и 14 јуни ќе биде во Москва на средби со неговиот руски колега, Сергеј Лавров, а во истиот период македонскиот премиер Зоран Заев заминува за Франкфурт.

Во четврток пак, на дневен ред во Грција е гласањето во парламентот на новиот нацрт закон што се однесува на среднорочната рамка за финансиската стратегија за периодот 2019-2022.

Треба да знаете
Последни објави