Search

Денеска облечете шарени чорапи во солидарност со луѓето со Даунов синдром

По повод Светскиот ден на лицата со Даунов синдром 21 март, денеска се носат шарени чорапи и ноктите се лакираат во различни бои за да се покаже солидарност со лицата со Даунов синдром и истовремено да се подигне свеста на јавноста за односот кон луѓето со Даунов синдром.

 

Иницијативата да се носат шарени чорапи на овој ден започнала од организацијата наречена „Даун Синдром Интернешнл“ за да ги поттикне луѓето да почнат да зборуваат за различности, уникатност, вклучување и прифаќање.

Се сугерира дека хромозомите изгледаат како чорапи и оттаму е идејата за кампањата „Многу чорапи“ во чест на луѓето со Даунов синдром кои имаат еден хромозом повеќе.

Треба да знаете
Последни објави