Search

Денеска нов протест против аерозагадувањето

За денеска во 13 часот најавен е протест пред Собранието поради аерозагадувањето.

Зад протестот и оваа сабота, како и претходната, стои Граѓанската иницијатива „Канцерогено општество“.

Кристијан Узунов од Граѓанската иницијатива вчера изјави дека се надева на поголема масовност, со цел на надлежните да им се даде до знаење кои се нивните следни чекори.

„Доколку останат неми и глуви на нашите барања ќе почнеме со порадикални мерки“, најави Узунов.

Тој побара од заменик министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули што сработил изминатата недела, односно од нивниот претходен протест, кога побараа свикување на идна владина седница за загадувањето на воздухот.

Утрово Скопје беше на третото место помеѓу најзагадените градови во светот.

Треба да знаете
Последни објави