Search

Денеска на Мундијалот: Аргентина- Мексико, Франција-Данска

И денеска на програмата исто така се четири мечеви и тоа од 2.коло во групите Ц и Д. Секако дека во преден план е настапот на Аргентина и Лео Меси, посебно по оној шокантен пораз од С.Арабија на стартот. Вечерва од 20 часот “гаучосите“ се среќаваат со Мексико, ова за нив е меч кој е од пресудно значење. Аргентина мора, ама баш мора да победи.

Сепак денот почнува со мечот меѓу Тунис и Австралија (11 Ч). И двете селекции се под императивот на победа, сепак Тунис има веќе освоено бод, но се знае дека на последниот меч игра со Франција.

Кога сме кај Франција секако дека светскиот првак во случај на триумф над Данска (17 Ч), ќе стави печат на пласманот во осминафиналето. Од друга Данска по бледото издание на првиот меч со Тунис, би морала да заигра на своето ниво, но Данците играат против Франција која во првото коло покажа најмногу.

И во последниот меч или вториот денеска, Полска се среќава со С. Арабија (14 часот). Саудијците веќе се хит по оној триумф над Аргентина. Полска ќе си има големи, големи проблеми, а треба да победи.

ДВОЈКИ ЗА ДЕНЕСКА:

11:00 Ч

ГРУПА-Д (2.КОЛО)

ТУНИС – АВСТРАЛИЈА

Стадион: Ал Жануб (Ал Вакра)

14:00 Ч

ГРУПА-Ц (2.КОЛО)

ПОЛСКА – С.АРАБИЈА

Стадион: Едукатион Сити (Ал Рајан)

17:00 Ч

ГРУПА-Д (2.КОЛО)

ФРАНЦИЈА – ДАНСКА

Стадион: 974 (Доха)

20:00 Ч

ГРУПА-Ц (2.КОЛО)

АРГЕНТИНА – МЕКСИКО

Стадион: Лусаил Иконик (Лусаил)

Треба да знаете
Последни објави