Search

Денеска и утре бесплатно скијање за деца во Ски центарот Маврово

Ски центарот Маврово, денеска и утре, ќе овозможи бесплатно скијање  за ученици додека не се вратат во училишните клупи.

– Им излегуваме во пресрет и ги покануваме сите деца да бидат наши гости и да дишат чист воздух на планина додека да помине критичниот период. Се надеваме дека на оваа наша иницијатива ќе се приклучат и други институции за бесплатен транспорт и супервизија, бидејќи сите родители не се во можност да ги донесат учениците до Маврово, вели Огњан Циговски, директор на Ски Центарот Маврово.

Оваа иницијатива е резултат на енормната аерозагаденост на воздухот во Македонија и по повод Светскиот ден на снегот, 19 јануари.

Треба да знаете
Последни објави