Search

Денеска е строг пост: Отсекување на главата на Св. Јован Крстител

Денеска според верскиот календар се одбележува св, Јован Крстител, празник кој секоја година се одбележува на 11. септември.

Во народниот говор се овој празник среќава под различни имиња и тоа: Св. Јован Сеч иглав, Св. Јован Отс ечен, Св. Јован Опс ечен итн.

Значењето на Свети Јован Крстител неговиот голем култ воопшто во христијанскиот свет оставил значајни тpаги и во традицијата на македонскиот народ.

Останало забележано дека на овој ден луѓето не јаделе ни лубеница, домати, црвено грозје и други продукти со црвена боја што потсетувале на кpвта на светителот.

Во времето кога Јован проповедаше во Палестина, во Галилеја владееше Ирод Антипа, еден од синовите на оној Ирод што насекаде се прослави со својот расипан карактер. Овој наследи некои особини од татко му, па ја избрка својата законита жена и живееше незаконито со Иродијада, жената на својот се уште жив брат Филип. Јован отворено и пред целиот народ го прекоруваше и го разобличуваше за тоа, па Ирод го затвори. Во една прилика Ирод приреди гозба во својот дворец. Ќерката на Иродијада, Саломија, го вошити Ирода со својата страствената игра на гозбата, така што овој замаен од пиењето и вети се што ќе посака. Саломија, поучена од мајка и, која не можеше да му го прости јавното разобличување на Јована, ја побара главата на пророкот. Ирод нареди и Јован беше обезглавен. Иродијада продолжи да се изживува над мртвата Јованова глава и го избоде неговиот јазик со игли. Подоцна еден дворски слуга чесно ја закопа главата на свети Јован Крстител. Наскоро злосторниците ги снајде заслужената казна. Првин кнезот Арета, таткото на законитата Иродова жена, подигна војска и го порази Ирода, а подоцна цезарот Калигула го протера во Галија, па во Шпанија, каде Ирод и Иродијада ги завршија своите неславни животи во беда и понижување. Саломија, пак, ја снајде лоша смрт во реката Сикорис.

Треба да знаете
Последни објави