Search

Денеска во општина Бутел по трет пат се организираше културната манифестација “Есенски базар” 

Денеска во општина Бутел по трет пат се организирашекултурната манифестација “Есенски базар” кој е во соработка  со Здружение на уметници ракотворци АРТИ-КРАФТ од Скопје. Општина Бутел во континуитет дава институционалната и финансиската поддршка на културните проекти како негувањето на фолклорот, обичаите, старите занает и организирање на културно уметнички манифестации.

Посебно сme горди што оваа година за прв пат имаме и посета на 12 амбасадори на мирот од регионот. Учесници-изложувачи од АРТИ-КРАФТ се вкупно 18 а гости, a од соседството се  19 и тоа од (Србија, Црна Гора, Косово, Албанија, Бугарија, Турција, Хрватска, БиХ)

Излагачите од Македонија  изложија производи со мотиви од македонски народни носии , сувенири, македонски носии – минијатури во рамка, декоративни елементи и слики од слама, слики од срма и филгранска техника, етно шишиња, накит од бакар, сребрен накит – филигран, народни носии сликани на дрво и друго, додека излагачите од соседството ќе се претстават со мешани албански народни носии, дувачки народни инструменти од дрво – фруле, везени плетени, хеклани и рачно изработени производи, бел без од српскиот регион и многу други.

Во склоп на настанот сеодржа и културно уметничка програма каде учество земеаа играорното друштво Плетеница со игри од Источна Македонија, Хорот од општинското основно училиште Живко Брајковски со “Ода на радоста “и други.

Треба да знаете
Последни објави