Search

Демонстранти во Франција: Една жена загина, 106 се повредени

Над 244.000 демонстранти денеска протестираа во Франција поради покачувањето на цената на горивото.

Една жена загина, а 106 се повредени, од кои петмина се во критична состојба.

Демонстрантите блокирале голем број патишта кои водат до бензински пумпи и аеродромите во Франција.

Од вкупно 3.500 бензински пумпи на „Тотал” околу 70 цело утро биле затворени, а помалку од 10 успеале да отворат во попладневните часови.

Исто така, во текот на денот некои хипермаркети не отвориле, а околу 25 биле блокирани од стана на демонстрантите.

Во Париз демонстрантите се собрале во близина на Елисејската палата, пеејќи ја химната на Франција.
Тие се обиделе да се доближат до резиденцијата на францускиот претседател Емануел Макрон, но биле спречени од страна на француската полиција со солзавец.

Како што јави МИА, демонстрантката почина откако беше прегазена од жена која ја фатило паника кога се приближила до групата демонстранти и наместо на кочница таа ја притиснала педалата за гас и со автомобилот удрила во жената.

Треба да знаете
Последни објави