Search

Демонстрантите против расизмот се придружија на анти-израелски протест во Вашингтон

Демонстрантите на „Блек лајвс медр“ им се придружија на анти-израелските демонстранти на националниот „Ден на бес“ во средата, кој вклучуваше повици за уништување на Израел и тврдења дека Израел убива деца, што е алузија на средновековните антисемитски ставови, пренесоа американски медиуми наменети за еврејската заедница.

Антисемитските и антиизраелските групи го организирале „Денот на бес“ на 1 јули, првиот ден кога владата на Израел соопшти дека може да го продолжи законот за еврејските заедници во Јудеја и Самарија (Западниот брег).

Тој процес на проширување на суверенитетот, познат како анексија, ќе ја вклучува стратешката долина на Јордан и ќе остави голем дел од преостанатата територијата за Палестинците да создадат држава, според мировниот план претставен претходно годинава од претседателот Доналд Трамп.

Планот предвидува помош за Палестинците од 50 милијарди американски долари – ако се откажат од теророт и се согласат на демилитаризирана држава на понудената територија, со главен град источно од Ерусалим. Понудата истекува по четири години.

Но, Палестинците го отфрлија планот, а антиизраелските демонстранти се здружија со „Блек лајвс медр“ во средата, што дел од серијата анти-израелски демонстрации во повеќе американски градови во текот на следните неколку дена.

Во Вашингтон, двете групи се спија во една, а демонстрантите извикуваа екстремистички анти-израелски пароли, пренесува „Вашингтон егзаминер“.

Маршот, предводен од Кристијан Табаш од универзитетот „Харвард“, привлече околу 200 луѓе кои носеа знаци со пораки со поддршка за Палестинската ослободителна организација (ПЛО)  и „Блек лајвс медр“. Како што маршот напредуваше, Табаш ги водеше своите следбеници во наизменични скандирања за Израел и за расна правда.

„Израел, те познаваме, и ти убиваш деца“, извикуваше толпата во еден момент.

Потоа следуваше скандирање „Црните животи вредат!“ и „Животите на Палестинците вредат!“

Идејата дека Израелците убиваат деца има корени во т.н. „крвна клевета“, лажно тврдење дека Евреите убиваат христијански деца за да ја користат нивната крв за бесквасниот леб за Пасха. Клеветата мигрирала во последните децении и во муслиманскиот свет.

Треба да знаете
Последни објави